Аирлија, падна договор, еве колку ќе се качат платите на наставниците и професорите

Јетон Шаќири, Министерот за образование и наука, , синоќа информира дека заедно со СОНК ги прифатиле предлозите на медијаторот МТСП во однос на сите отворени теми и причините за штрајкот. -Повисоки плати во образование ќе има, се договоривме за покачување на платите на сите вработени во образование од 15%, почнувајќи од септемвриската плата. Тоа е во согласно со буџетските можности. Нема да има кратење за времето кога се штрајкуваше. Најдовме целосно разбирање и ќе се исплатат целосни плати за април. Ги допрецизиравме работите и околу колективните договори, рече Шаќири после денешната средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков. Тој се заблагодари на сите родители, наставници и ученици кои имаа разбирање за овој процес. -Исто така ви се извинувам и ви благодарам на вас новинарите кои бевте трпеливи во периодов кога се очекуваше да завршат преговорите со СОНК, потенцира Шаќири. ИзворПрес24.