ВИДЕО: Еве како изгледа ноќниот живот во Киев среде војна, дискотеки во бункери, скривници и подруми

Антон Птушкин, блогер кого на Јутјуб го следат 267.000 луѓе, сними видео за актуелниот живот во Киев.

Тој шета низ градот и вели дека се чувствува како да е во паралелна реалност додека поминува покрај урнатини на продавници и аптеки што ги посетувал последните десет години.

Антон исто така интервјуира луѓе што се кријат во тунели на подземни железници, во подруми, но и во ноќни клубови каде што пијат и танцуваат за да се релаксираат во овие времиња.

Посетил и болница, каде што сретнал деца што биле повредени и чии родители починале штитејќи ги.

Видеото на Јутјуб набргу се прошири на социјалните мрежи. Твитерџиите пишуваат дека видеото на Антон е важно и поучно. Видео: