Видео и детали: Во Прилеп масовно се теп aле лица од село Лажани, полицијата ја немаше на терен, пристигнаа кога се заврши

Како што јавува Прес24, голема масовна теп aчка се случила вчера вечер во центарот на Прилеп.

Во петминутно видео кое е објавено на мрежата Youtube, се гледа дека дејствието се случува многу повеќе од петте минути, а е во центарот на Прилеп, каде нема никакви полициски службеници на терен, а е викенд.

На видеото се гледа како поголема група луѓе се тепаат во центарот на градот.

Мораше да интервенира и полицијата, а како што се гледа на видеото, приведени се неколку луѓе.

МВР и официјално соопшти за масовната те пачка во Прилеп.

Според пријавата во МВР, повеќе луѓе од селото Лажани напа д нале двајца другари.

МВР: Синоќа во 05.30 часот Л.М.(19) од Прилеп пријавил дека околу 01.00 часот пред угостителски објект во Прилеп, додека бил заедно со неговиот другар Д.М., биле физи чки напа дн ати од повеќе лица од с.Лажани.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во полицискиот билтен на МВР. ИзворПрес24.