Повторно тензи чно во Собранието по инцидентот со пратеникот Арбр Адеми кој со тврди предмети фрлаше кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Иако Комисијата за европски прашања беше прекината, таа сепак продолжи без претседателот Адеми и траеше околу половина час. Пред вратата на салата стоеше обезбедување, а внатре пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараа да се работи по деловник, пишува „А1он“. Пратениците бараа процедурално обраќање, а Арта Биљали-Зендели констатираше дека нема повеќе процедурални обраќања, по што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бурно реагираа. Седницата е закажана за утре на пладне. Видеото погледнете го ТУКА (а1он).