ВИДЕО: Pуckите сили носат тешко pakетно opужје со полициска придружба кон границата со Финска

Русија придвижи те шко оpp ужје, вклучително и софестициран ра кетен систем кон границата со Финска, неколку часа откако официјална Москва го предупреди својот сосед да не се приклучува на НАТО, објавува Дејли Мејл, пренесе Слободенпечат.

Видео со засега непотврдена автентичност објавено на социјалните мрежи покажува како неколку руски крајбрежни ра кетни системи за одбрана се движат по патот на руската страна на границата што води кон Хелсинки.

Подвижниот крајбрежен одбранбен ракетен систем „К-300П Бастион“ е дизајниран за напад на в оени бродови, вклучувајќи и група на воени носачи на авиони.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно предупреди дека најавите за приклучувањето на Финска во НАТО нема да ја подобри безбедносната ситуација во Европа.

Руското распоредување на дополнителни воени сили на границата со Финска доаѓа во време кога финската премиерка Сана Марин рече дека разговорите за потенцијалното членство во НАТО на нејзината земја треба да бидат завршени „оваа пролет“ за тоа дали да аплицира за членство во Алијансата.

Неодамнешните анкети направени во оваа земја покажуваат дека 84 отсто од Финците ја сметаат Русија за значителна воена закана, што е зголемување за 25 отсто во однос на минатата година.

Инаку, Финска и Шведска историски го избегнуваа членството во НАТО и се воено неутрални земји иако долги години се поврзани со Западот.

Но, сега погледите се сменија бидејќи Финска дели 1.313 километри граница со Русија на Исток и е вознемирена поради руската инвазија на Украина. Видео: