Градежен работник е новиот случај на коронавирусот во Кавадарци

Како што јавува МИА, педесет и деветгодишен градежен работник е новиот позитивен на коронавирусот во Кавадарци, ова за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епид емиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје. Јовановски рекол дека кавадарчанецот се тестирал поради симптоми на коронавирусот, а со средна клиничка слика бил на лекување во болницата 8 Септември во Скопје. Се утврдуваат неговите контакти, со цел нивна изолација.