Денеска бројките на нови случаи со коронавирусот речиси во целиот регион се трицифрени

Бројот на нови случаи со коронавирусот во последниов период речиси насекаде во регионот е троцифрена, па таков случај има и денес. Имено во изминатите 24 часа, 7.648 лица биле тестирани за коронавирус во Србија, од кои 389 се позитивни, пишува Прес24.

Во моментов има 187 пациенти на респиратори, а 4.776 на болничко ле кување.

Во Хрватска пак во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани нови 116 случаи со коронавирусот, со што вкупниот број случаи изнесува 1.204.

Меѓу нив 139 пациенти се на болничко лекување, од кои осум на респиратори.

Бројката е троцифрена и во БиХ. Потврдени се 244 нови случаи на коронавирусот, од тестирани 1.044 примероци.

Како што јавија властите, пријавени се два нови смртни случаи, а поч инал еден постар маж од Сански Мост и една жена од Горажда.

Вкупниот број на заразени со коронавирус во БиХ сега изнесува над 8.100 случаи.

Во Македонија се уште се очекуваат официјалните бројки од Министерсвто за здравство, а во текот на вчерашниот ден беа потврдени нови 164 случаи со коронавирусот од 1.612 тестирања ИзворПрес24.