Се огласија од МЕПСО за дефектот во најголемата хидроцентрала ХЕЦ Вруток

Дефект попладнево имало во ХЕЦ Вруток, пренесе МКД.мк. Најголемата хидроцентрала во мометов не е во функција, пренесува МКД.мк.

Дефектот кој настанал откако попладнево се случи ек пл озија во најголемата хидроелектрана во земјава, ХЕЦ Вруток, неофицијално не е голем и се работи на негово санирање, информираат за „Слободен печат“ високопозиционирани извори од МЕПСО.

Според истите извори, нема простор за паника и дефектот најверојатно брз ќе биде отстранет.

Директорот на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), државната компанија која е директно одговорна за електраните, Васко Ковачевски, не беше достапен за коментар непосредно откако се прошири информацијата за екс озијата.

ХЕЦ „Вруток“ е најголемата хидроелектрична централа во Македонија, со моќност од 150 мегавати.

Таа е дел од Мавровскиот систем на ЕСМ, заедно со ХЕЦ Равен и ХЕЦ Врбен.

Како што објави Фактор, денеска во ХЕЦ Вруток имало ек сп озија по која било прекинато производството на струја.

Електрани на Северна Македонија попладнево се огласи со соопштение во кое се вели дека немало ек пло зија во хидроелектраната, туку се работело за помал дефект поради кој централата била надвор од функција 15-на минути.