Е ова е држава, Австрија оди во целосен кapaнтин, а задолжителната вakцинациja почнува на 1 февруари

Австрија даде зелено светло за воведување целосен кар антин кој би траел најмалку 10 дена со опција да биде продолжен, а ќе воведе и полици ски час и задолжителна вак цинација.

Како што пренесува Дојче веле, мерките ќе стартуваат од понеделник, а карантинот ќе се однесува сите граѓани, без разлика на вакц иналниот статус или преле жан коронавирусот.

Имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата и стапката на з р аза, се согласивме дека нема друг начин освен да се воведат рестр иктивни мерки за сите.

Едноставно, не сакаме петти бран – изјавил австрискиот канцелар Александар Шаленберг.

Австрија е првата земја во Европската Унија која воведе целосно затворање оваа есен.

Националниот карантин значи дека Австријците ќе работат од дома, ќе бидат отворени само продавници со потребните намирници, а ќе работат само училишта за деца кои треба наставата да ја следат во живо.

Шаленберг вели дека овие правила автоматски ќе завршат на 13 декември, а оттогаш „повеќе нема да важат за оние кои биле вакци нирани и оздр авени од коронав ирусот“.

Европскиот регионален директор на Светската здравствена организација, Ханс Клуге, предупреди дека ни претстои тешка зима.

За тоа ја обвини недоволната покриеност со вакцина ција, заедно со „олабавувањето на превентивните мерки и шир ењето на прено сливата варијанта Делта“.

Австрија не е единствената европска земја која воведе мерки против невакц инираните.

Слично постапија Словачка, Чешка, Грција и Германија… ИзворПрес24.