Заев раскажа: Продавав лубеници на пазар, првата девојка ми беше Јелена од Горњи Милановац

Премиерот Зоран Заев во исповед за српски Курир вели дека неговото име е врзано за Србија и откри оти неговата прва девојка била од Горњи Милановац.

Секое струмичко село имаше по еден град во Србија каде луѓето традиционално продаваа производи.

Муртино беше доминантно во Горњи Милановац. Едно лето бев и на Каленич во Белград, но традиција е традиција, се вративме во Горњи Милановац.

Некои пет-шест лета со дедо ми и стриковците, а некој пат и сам одев на тој пазар. Убави пари заработувавме, вели Заев.

Појаснува дека од тримесечна работа за време на летните месеци семејството направило куќа на четири ката.

За првата љу бов од Горњи Милановац, извесна Јелена, вели дека ја запознал во кафуле.

Исто годиште сме. Доаѓаше и кај нас на пазарот. Тоа траеше барем две и пол години.

Секое лето одев во Горњни Милановац, но помеѓу летата тешко беше да се воспостави врска во тие 1989-1990.

Таа имаше фиксен телефон, но таму кадешто живеев јас немаше телефони. За среќа, имаше телефонски говорници.

Еднаш дојде и во Струмица. И моите и нејзините родители сфатија дека тоа е детска љу бов, повеќе како да сме некои другари.

И тогаш далечината го направи своето. Во 1993 се запишав на факултет во Скопје и ги почнав студентските обврски.

Знам дека сега живее и работи во Белград, дека има свое семејство, деца.

Случајно се слушнавме пред пет-шест години. Но тоа ми беше прва љу бов, не се заборава, вели Заев.