Известување од Владата ако патувате во овие држави во регионот

Владата на Република Северна Македонија ги известува граѓаните дека согласно влош увањето на состојбата со КОВ ИД-19 панд емијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во:

Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозв олен без приложување негативен ПЦР тест кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји.

Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа.

Владата и здравствените власти, согласно новонастанатата епид емилошка состојба во регионот, во деновите кои следат ќе ја ревидираат одлуката за влез на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Северна Македонија, без ПЦР тест.