Какво време не очекува викендов според УХМР, облачно со магла, повремен дожд и умерен ветер

Времето во петок ќе е Сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови и со услови за утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец.

Во сабота, Минимална температура: -6°C до 2 °C Максимална температура: 4°C до 12°C Сончево со мала до умерена облачност, позначителна во западните делови. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Во недела, Минимална температура: -1°C до 6°C Максимална температура: 5°C до 12°C Променливо облачно, во крајните западни делови со локaлeн дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

А во понеделник, Минимална температура: 2°C до 8°C Максимална температура: 5°C до 13°C Умерено до значително облачно, со повремен дожд поинтензивен во западните делови од земјата. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.