Битолчани кои деновиве ги чувствуваат сите земјотреси кои во серија се случуваат во северниот дел на Грција на страницата на ЕМСЦ последниот потрес го искоментираа како: слаб, лаганини секој ден, слабо долго, малце стресе… пишува СлободенПечат.Според Евромедитеранскиот сеизмолошки центар, вечерва во 20.24 часот регистриран е нов земјотрес со епицентар на 8 километри северозападно од Лерин, Грција. Земјотресот бил со јачина од 2,7 степени степени по Рихтеровата скала и на длабочина од 2 километри.