Коронавирусот ќе си оди од Македонија на 16 јуни, а на 22 мај не целосно, велат од Сингапур

Како што јавуваат од Сингапурскиот универзитет за технологија и дизајн дека епидемијата на коронавирус во Македонија ќе заврши на 16 јуни оваа година, јавува 360 степени. Во анализата спроведена во глобални рамки, нивната иновативна Лабораторија за проучување податоци проектира дека коронавирус на светско ниво ќе биде актуелен најдоцна до 1 декември 2020 година, по што се очекува да стивне.

На веб-страницата на Универзитетот се прикажани проекции за голем број држави. Тие се базирани на математички модел наречен SIR (сомнителен-заразен-закрепнат) кој, според истражувачите, дава континуирана и предвидлива насока за развојот на заразата.

Шефот на оваа лабораторија на Сингапурскиот универзитет, професорот Џуангси Луо, вели дека преку востановениот модел за процесирање на податоците може да се процени кривата на животниот циклус на пандемијата и да се предвиди кога таа би завршила во одделни земји и во светот.

Според податоците за Македонија, се предвидува 97-процентно завршување на епидемијата на 13 мај, 99-отстотно на 22 мај, а во целост, ковид-19 на територијата на нашата држава ќе го снема до 16 јуни.

Кај нашите соседи и во земјите од регионот, од коронавирусот најбрзо ќе се ослободи Хрватска, за која предвидениот краен рок е еден ден пред Македонија – 15 јуни.

Во Србија ќе трае до 23 август, а во Грција до 11 јули. Според ова сценарио, најдолго со ковид-19 ќе се бори Албанија, каде што како датум кога ќе заврши заразата е посочен 7 октомври.

Во анализата, сепак, се предупредува дека нејзината содржина е наменета за научни и истражувачки цели и дека е можно да е подложна на грешки.

Секое предвидување, по природа, е неизвесно. Читателите мора да бидат претпазливи. Преголемиот оптимизам за некој од предвидените датуми е опасен бидејќи може да резултира со појава на недисциплинирано однесување и да предизвика значително зголемување на вирусот, велат од Сингапурскиот универзитет за технологија и дизајн, пишува 360степени.

Исто така да се напомене дека денеска, 29 април од Министерството за здравство информираа дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 38 оздравени пациенти во: Скопје-19, Тетово-3, Струга-9, Битола-4 и Гостивар-3.

Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на ковид-19 и тоа во: Скопје – 7, Куманово -6, Прилеп-4, Тетово-1, Пехчево-1, Делчево -1, Струга-1. Со ова, нов град на мапата е Делчево.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1442, бројката на оздравени пациенти е 627, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

По завршување на епидемиолошка анкета, за две лица кои во вчерашниот извештај на ИЈЗ беа заведени во Кавадарци, е утврдено дека се жители на Демир Капија. Во денешниот извештај на ИЈЗ ќе биде направена исправка и тие ќе бидат заведени во Неготино, бидејќи Демир Капија спаѓа во оваа подрачна единица. Согласно ова, последната дистрибуција по градови е следна:

Скопје – 493
Куманово – 384
Дебар – 51
Штип-34

Прилеп –147
Тетово – 76
Струга – 66
Велес – 69

Битола –19
Охрид –15
Кавадарци – 5
Гостивар –17

Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-5
Радовиш – 4

Крушево – 3
Кочани – 28
Пробиштип – 2
Кичево – 2

Неготино -7
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Пехчево- 2

Делчево-1
Валандово -1
Виница – 2

Направените 279 теста се преку: ИЈЗ –146, Ветеринарен ф-тет -20 , Авицена –25, Биотек –29, Филип Втори (Жан Митрев) –39, Систина со PCR метода -12 и МАНУ – 8. Досега во земјата се направени вкупно 16050 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 52. На кислородна поддршка се 28, а на механичка вентилација 3 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се примени 8 нови, а вкупно хоспитализирани 35. Со потешка клиничка слика се 5,а на респиратор вкупно 6 пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат 5, а на домашно лекување се следат 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 3 пациенти, а уште 6 се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Гостивар, Куманово, Велес и Прилеп се лекуваат 42 позитивни и суспектни на ковид-19.

Министерот за здравство доц. д-р. Венко Филипче, денеска нема да одржи прес-конференција, но Службата за односи со јавност е отворена за сите новинарски прашања, кои истите ќе бидат одговорени во најкраток можен рок.