Македонска ракометарка во карантин, позитивна на коронавирусот

Македонската репрезентативка сега е во карантин, во домашна изолација, а во самоизолација ќе бидат и нејзината цимерка Патришија Морару и двајца членови на стручниот штаб.

Македонската ракометна репрезентативка Елена Ливриниќ, членка на Глорија Бузау, е позитивна на коронавирусот, пренесуваат романските медиуми.

Ова е втор случај на коронавирус во женската ракометна лига во Романија, откако претходно ракометарка на Крајова беше позитивна на тестовите на коронавирусот.

Сега, за жал, и македонската ракометарка која летово од Рапид Букурешт се пресели во Глорија Бузау. Пред почетокот на подготовките за новата сезона, сите ракометарки на Глорија беа тестирани на коронавирусот а единствено кај 25-годишната Ливриниќ тестот е позитивен. Извор Прес24.