Малку ќе одмориме од дождот до недела, УХМР со најнова прогноза до понеделник

Денес времето ќе е Променливо облачно и посвежо со локални врнежи од дожд. Наместа во јужните делови врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец со брзина и над 60 км/час. УВ=6. Утре утрото ќе е посвежо, во југоисточните делови со услови за слаб локален дожд. Преку денот претежно сончево со умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно, утре и во петок со ниски утрински температури, а дневните од сабота ќе бидат во позначителен пораст. Локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи се очекува во недела.