Министерката Царовска: Што ако ги затвориме училиштата после две недели

Мила Царовска, сега министерка за Образование, во вечерашното гостување во ТВ24 отворено зборуваше за почетокот на учебната година и како би се одвивала наставата. Таа објасни дека пандемијата на некој начин не донесе во позиции дека да се изнајде решение кое ќе обезбеди континуитет, но и да се заштити здравјето на учениците и наставниците.

Погорните одделенија е подобро да одат со онлајн настава. Сметам дека она кое е презентирано досега е дека од прво до трето одделение да одиме со физичко присуство зошто е потребно описменување.

Ова е начинот на кој ќе се направи баланс. Знаеме дека е најдобро со физичко присуство, но што ако се затвориме после две недели? Сакаме да одиме постепено. – рече Царовска.

Таа рече дека моментално ова најдобро решение. Ако училиштата исполнуваат услови по протоколи, тогаш може да почнат со настава, рече Царовска. Додаде дека протоколите мора да се почитуваат. 321 училишта од 494 поднеле барање за настава со физичко присуство. ИзворПрес24.