Мицотакис вели дека овој Велигден ќе го паметиме како Велигден на љубовта и на одговорноста

Мицотакис со порака по повод Велигден. Знам дека е многу тешко. Така, ќе ја оправдаме вистинската порака на големиот празник, која што е победа на животот – порача Мицотакис.

Остануваме дома, излегуваме победници, бидејќи една нишка ја дели победата од катастрофата. Ако докрај не се придржуваме до советите на експертите, може да го уништиме сето она што го постигнавме – рече Мицотакис.

Овој Велигден ќе го паметиме како Велигден на љубовта, но и на одговорноста. Ќе го поминеме разделени од нашите блиски. Можеби и далеку од нашите места и без поклоненија во црквите.

Знам дека е многу тешко. Не е во опасност нашата верба туку здравјето на верниците. Така, ќе ја оправдаме вистинската порака на големиот празник, која што е победа на животот над смртта – порача Мицотакис.