Нов бран на коронавирусот доаѓа во Македонија, над 16% од тестовите во државните лабаратории се позитивни на коронавирусот

Се зголемува бројот на нови случаи на коронавирусот во земјава, а со тоа има и зголемен раст. По подолг период, повторно над 10% од тестираните биле позитивни на коронавирусот. Во текот на вчерашниот ден, од 1674 спроведени тестирања, 186 пациенти биле позитивни на коронавирусот што е над 11%, пишува Прес24.

Од овие тестови, нешто помалку од половина или 811 се спроведени во државните лаборатории и тие покажале дури 130 позитивни резултати. Останатите 56 позитивни случаи се детектирани преку тестирање во приватни лаборатории, каде што во голем дел одат и граѓаните кои се тестираат поради патување.

Па така, во државните лаборатории над 16% од тестираните се позитивни додека во приватните нешто над 6,5%. Само вчера поч инаа 7 пациенти од кои најмладиот имал само 43 години, пишува Прес24.

По градови, очекувано најмногу активни има во Скопје, по што следи Куманово и Тетово. ИзворПрес24. Денеска се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 144 нови случаи на коронавирусот.