Обезбедувањето не го пушти македонскиот пратеник да влезе во Собранието поради неговиот тротинет

Новиот македонски пратеник, неговиот прв работен ден го започна со обезбедувањето, кој што не му дозволија да влези во Сообранието поради неговиот електронски тротинет.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски мораше да најде алтернативен паркинг за својот електричен тротинет бидејќи собраниското обезбедување денеска не му доз воли да го внесе во собраниската зграда бидејќи за тоа имало заб рана.

Собранието е подготвено да исплати илјадници евра патни трошоци, а истовремено има заб рана за внесување на електрични тротинети во зградата.

Собраниската бирократија мора да ја промениме, посебно кога е во интерес на животната средина и штедење на буџетски средства, напиша на својот фејсбук статус Тимчо Муцунски.

Од 500 па до 47.000 евра земале пратениците за патни трошоци во деветтиот парламентарен состав.

Рекордери најчесто се пратениците на СДСМ и коалицијата кои патуваат од внатрешноста до своето работно место.

Вкупно за патни трошоци потрошени се 1.495.996 евра. Најскапо нè чинел пратеникот Алија Камберовски од ПЕИ, кој беше дел од коалиција на СДСМ. Патува од Струга, тоа го чинело 47.450 евра.

Втора на листата исто така е пратеничката од СДСМ, Бети Рабаџиевска-Наумовска од Ресен со вкупен износ од 45.918 евра.

Пратеникот на Алијанса за Албанците, Сурија Рашиди кој патува од Струга, за тригодишниот мандат земал 42.261.

Следува неговата колешка Делчево, Мира Стојчевска. Таа за три години инкасирала 41.632 евра.