Ова го има и во Македонија, му ја изгpeбал колата и му оставил ливче со телефонски број за koнтакт

Ова ретко се гледа секој ден, луѓе секој ден гребат туѓ автомобил на паркинг, но да остават контакт за штета е реткост, така е и во оваа објава на твитер денеска. Но, ова можеби е прв таков случај во Македонија. На твитер е објавена фотографија од ливче на кое е оставен телефонски број откако бил изгpeбан автомобил на паркинг. Извинете ние ви ја изгpeбавме колата. Брат ми е почетен возач. Ве молам за разбирање. Ако има потреба за некаков надомест еве контакт број, е напишано на ливчето. Дури и корисникот на Твитер чија кола била е изненаден од целата ситуација. Денеска на паркинг ми ја изгpeбаа колата. Пријатно се изненадов кога го најдов ливчето. Се уште има поштени луѓе. П.С. Се слушнав со дечкото. Нема шт eта голема. Така да… Се е ОК, ќе части кафе некогаш, се вели во објавата. Фото: