Ова нема крај: СДСМ и парламентарното мнозинство ќе обезбедат недела неработен ден и повисоки плати за работниците, вели Николова

СДСМ континуирано и посветено работи за зголемување на стандардот и унапредување на правата на работниците, истакна денеска пратеничката од владејачката пар тија Даниела Николова на прес-конференција пред парти ското седиште.

Вели во изминатите четири години просечната плата пораснала за 6.000 денари.

Во истиот период ја зголемивме минималната плата од 9.000 денари на 15.400 денари.

Ќе ја зголемиме и на 18.000 денари.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ се обврза и ќе обезбеди донесување на измените во Законот за работни односи, со кои се предвидува 92 проценти од вработените во недела да одмараат, а 8 проценти од работниците за работа во недела да добиваат додаток до 100 отсто.

Работниците и синдикатите се во право кога бараат деблокирање на законите кои се во интерес на работниците, рече Николова.

Обвини дека опозицијата вршела блокади во Законодавниот дом за да не донесат закони клучни за работниците.

Меѓутоа, како што е познато, пратениците од опозицијата во изминатиот период упорно го блокираа донесувањето на измените на Законот за работни односи и на други законски решенија во интерес на работниците.

Ним воопшто не им е грижа за работниците и нивните права, тие се желни за гола власт, што впрочем и го покажаа, пред целата јавност, со своето однесување изминатите денови.

Недела неработен ден, повисока минимална плата, се реализираат со парламентарно демократско мнозинство и стабилна Влада предводени од СДСМ и тоа ќе се случи во следниот период, рече Николова.

Вели дека парламентарното мнозинство ќе обезбеди недела да биде работен ден.

Блока дите и опструк циите на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе бидат пораз ени.

СДСМ и парламентарното мнозинство ќе обезбедат недела неработен ден, повисоки плати за работниците, и како и досега ќе продолжат да работат во интерес на сите граѓани на Република Северна Македонија, рече Николова. ИзворПрес24.