Ова ќе биде новиот министер за Здравство, со Информатичко општество ќе раководи Адмирим Алити

Cостанокот на Централното претседателство на Алтернатива заврши. Потпретседател на Собранието ќе биде Хисни Исамили, Беким Сали дефинитивно ќе го наследи Венко Филипче, а министер за информатичко општество ќе биде Адмирим Алити. Џемаил Чупи пак е новиот министер без ресор за дијаспора. Избрани се и тројца заменици министри за земјоделие, образование и култура, а објавени се и имињата на неколку директорски позиции. Вечерва Алтернатива не донесе одлука за сите договорени места, за останатите ветени функции во партијата ќе разговараат дополнително.