Позитивен на коронавирусот премиерот на БиХ

Како што јавува Макфакс, а и другите медиуми, Премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ, е позитивен на коронавирус. Тој ги почувствувал првите симптоми на неодамнешниот мировен марш. Медиумите во БиХ пренесуваат дека тој денеска има покачена температура, треска, болки во мускулите и мачнина во стомакот.