Познат германски виролог на тв: Следи втор бран епидемија и нов карантин во зима

Овој период епидемиолошката состојба во Австрија во однос на епидемијата на коронавирус останува позитивна.

Релативно малиот број новозаразени (под 100) и репродуктивната бројка под една (околу 0,65), што значи дека во просек едно лице инфицира помалку од едно лице, дозволува австриската влада, предводена од канцеларот Себастијан Курц, да размисли за попуштање на мерките, што и го направи претпазливо и постепено.

Иако ситуацијата е под контрола, Австријците сè повеќе се плашат од нов бран епидемија, затоа што скоро секој ден разни домашни и странски виролози ги бомб ардираат со своето мислење и знаење за коронавирус.

Коронавирус, кој очигледно како станува потопло, малку се притаи. Но, не и исчезна. Дали воопшто може да се искорени коронавирусот?, прашање кое се повеќе го поставуваат Австријците, а австриските медиуми го дебатираат.

Чисто теоретски е возможно, вели инфектологот Роберт Краузе од Универзитетот во Грац, истакнувајќи дека е важно репродуктивниот број да биде еден од најважните параметри за следење на ширењето на епидемијата.

Kако што предупреди познатиот германски виролог и раководител на берлинскиот институт Шарит, Кристијан Дростен, во петокот во најгледаната австриска телевизија ЗИБ 2, со вториот бран на зараза која доаѓа во зима, мора да сметаме дека повторно ќе бидеме во карантин, вели германецот.

Ние сме во средина, и можеби само на самиот почеток на ситуацијата и се соочуваме со коронавирус, рече Дростен, коментирајќи ги наводите дека во некои земји во Европа и во светските влади презеле превентивни мерки за борба против ширењето на коронавирусот.

Тој истакна дека прво мора да се има предвид дека коронавирусот не може да се спореди со САРС или со сезонски грип и никој во светот нема соодветно искуство како успешно да го искорени.

Тој истакна дека високите температури на воздухот и летото, со оглед на многу подолг престој на луѓето на отворено, може да донесат фаза на олеснување.

Соодветно на тоа, сè укажува на дисциплина и одговорност, според која се познати Австријците, кои внимателно ги следат дневните извештаи за бројот на новозаразени и оздравени.

Според Министерството за социјална заштита, здравство и медицинска нега, објавено во саботата наутро, во Австрија се пријавени 15.069 пациенти со коронавирус, во моментот 608 се во болници, вклучително и 148 на интензивна нега, а 12.103 се опоравени.

Додека бројот на тестирани лица изнесува 221.089 во Австрија.