Предмалку се огласија од УЈП за Викенд без ддв, ова се деталите и за се што опфаќа оваа мерка

Граѓаните кои се корисници на апликацијата МојДДВ, за фискалните сметки издадени на деновите 10, 11 и 12 октомври со остварен промет од македонски производи и услуги,

како и компјутерска опрема кои се пријавени во УЈП со скенирање преку апликацијата МојДДВ, имаат право на враќање целосниот износ на пресметаниот ДДВ за овие производи во фискалните сметки.

За враќање на целиот износ на данокот, граѓаните треба да ги скенираат фискалните сметки во рок од 3 дена по нивното издавање, а доколку ги скенираат по истекот на овој рок,

враќањето на ДДВ за овие производи ќе продолжи како до сега, односно правото на враќање се остварува во износ од 20% од платениот ДДВ во фискалната сметка.

Вкупниот промет од македонски производи, услуги и компјутерска опрема за кои се враќа целосен износ на ДДВ изнесува 30 илјади денари по лице, а за надминатиот износ на вкупниот промет ќе се пресметува редовната пресметка односно 20 %.

Видео во продолжение од Прес-конференција на ВД директорот на УЈП Фарук Омери за Викенд без ДДВ: