Пpeдупpeдување за најавените пopojни дождови, можни се пoплaви во дел од урбаните средини

Од денеска попладне до вторник, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе преовладува променливо облачно време, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УХМР пpeдупр едува на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците во наредните денови, особено за време на попладневните часови.

Локално се очекуват повремени краткотрајни поројни врнежи од дожд, на места во вид на невp eме придружувани со засилен ветер и појава на град.

Според УХМР, на некои места каде локално врнежите ќе бидат поинтензивни, можно е брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолици низ земјата како и појава на одрони и свлечишта.

Исто така можна е и појава на течење и слевање вода низ дел од градските урбани средини на места каде процесите ќе бидат поинтензивни со краткотрајни интензивни врнежи од дожд. За поголемите реки засега не постои опасност од нивно излевање.