Пpeдупpeдување од УХМР дека од утре следуваат температури повисоки и од над 40 степени

Како што јавуваат од УХМР, од утре под влијание на многу топла воздушна маса до петок времето во земјава ќе биде сончево и многу топло, нагласуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Од УХМР соопштуваат дека максималните температури ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени.

Додека пак во петок во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност. УВ зрачењето ќе достигне 9.

Исто така cончево и топло време со мала до умерена локална облачност ќе преовладува денеска до крајот на денот.

Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 36 степени, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер, со максимална температура до 35 степени.