Се огласи Вучиќ: Оставkaта на Заев не е само последица на резултатите од локалните избори

Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека оставката на македонскиот премиер Зоран Заев не е само последица на резултатите од локалните избори, туку и израз на лично разорачување во Европската унија.

Според него, тоа е така бидеји на Македонија ѝ било ветено дека ќе почне преговори доколку го потпише Договорот од Преспа, но тоа не се случи. Вучиќ вели дека во Глазгов со лидерите од регионот разговарале и за зајакнување на иницијатавата „Отворен Балкан“.

Разговарав со луѓето од регионот, со Еди Рама и за „Отворениот Балкан“, дали по оставката на Заев ќе можеме да почекаме, да видиме што ќе правиме и како да го направиме…

Разговаравме за како дополнително да се зајакне иницијативата. „Отворете го Балканот, да одиме напред“, рече Вучиќ.