Се огласи Пановски: Сите ги заоструваат мерките, а ние ги олеснувам – треба да се затворат ноќните клубови

Д-р Никола Пановски во разговор за „Локално“, вели дека оваа мерка нема да придонесе поголем интерес за имунизација кај населението, објаснувајќи дека за да се натераaт граѓаните да се ва кцинираат потребни се стимулативни мерки.

Луѓето, особено младите се снајдоа, имаат сертификати од други лица и слободно влегуваат каде сакаат.

Четири месеци вакц ини рани со една до за влегуваа секаде иако немаа развиено имунитет во првите две недели по прием на вакц ината.

Со самото тоа што сертификати добиваа лица кои немаа развиено имунитет, таа мерка немаше медицинска оправданост. Дури сега добива медицинска оправданост.

Cе разбира тие што примиле прва до за, веројатно примиле и втора. Затоа сметам дека за оние што до сега не се вакц инирале, оваа мерка нема да има ефект, односно нема да ги натера да примат прва до за сега, ако до сега не примиле.

Треба стимулативни мерки и научен и искрен пристап во кампањата за вак инација, која до сега од неразбирливи причини ја нема, објаснува мико рбиологот , додавајќи дека е „невозможна мисија“ да се натераат антивак серите да примаат вак цина про тив ков ид.

Пановски предлага да се воведе онлајн настава за децата во декември и да се затворат ноќните клубови со цел да не се зголеми бројот на 3 лица.

Кога сите ги заоструваат мерките, ние ги олеснуваме!!! Се реагира отпосле, кога е доцна.

Зар не се извлече поука од летото?!! Би затворил ноќни клубови, ресторани само со 30% капацитет до 22 часот и би вовел онлајн настава за децата во декември, предлага докторот.