Се огласи Тачи: Заев не ги почитуваше доволно БЕСА и ДПА, ни велеше ДУИ не дава

Првиот човек на ДПА, Мендух Тачи вели дека премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев не ги почитувал доволно БЕСА и ДПА и оти велел дека тоа го прави поради тоа што ДУИ не дозволувал.

Тој во гостувањето на ТВ 21 рече токму поради тоа БЕСА се налутила и ја напуштила коалицијата. „Ние имаме коалициски договор со СДСМ, не со ДУИ.

Многу од нашите барања кои беа договорени при составување на оваа владина коалиција, не се реализирани од СДСМ. Но, ние молчевме. Молчевме за да дадеме шанса процесите да одат напред.

БЕСА тука се налутија, не се реализирани многу кадровски ветувања. Истото е и со нас. Заев ни велеше дека проблемот не е до него, туку дека ДУИ не дава. Сепак, сега е друго време и не треба да се вратиме на ова. Сега е време да се даде поддршка на актуелното мнозинство, за на 15-ти декември да добиеме датум“, рече Тачи.