Синоќа Заев на ТВ: Ќе треба да се најде заедничко решение со Бугарија за Гоце Делчев

Bо вечерашното интервју за МРТ, премиерот Зоран Заев рече Македонија и Бугарија заеднички ќе треба да се договорат за прашањето за Гоце Делчев.Вели оти е оптимист дека ќе се најде заедничко решение со Бугарија и двете страни ќе излезат победници.

-Историјата е важна, но таа треба да биде појдовна основа за иднината, рече Заев.

Според него, станува збор за билатерално прашање, што не може да влијае на европскиот пат за Македонија.

Ние треба да ги помогнеме процесите.Ова прашање е билатерално и нема никаква не може да биде на ниво на Европската Унија тоа е надвор од сите вредности на ЕУ. Македонците мора да водат грижа за Бугарите и обратно. Верувам дека ќе имаме успешни преговори, истакна Заев.

На прашањето доколку историчарите не се договорат дали ќе следи политичка одлука за да го прифатиме Гоце Делчев како Бугарин за да влеземе во ЕУ, Заев рече дека ќе се договорат девет страни за да има заедничко решение.

Ќе треба да се најде заедничко решение. Треба да бидеме свесни, дека не може да кажеме дека Гоце Делчев не е наш, треба да видиме како тој заеднички не спојува, вели Заев.

Заев рече дека е оптимист бидејќи според него станува збор за пријателски народи кои имаат заедничко минато.