Спремете се за утре, дури четири општини ќе бидат без струја

Како што пишува Прес24, утре од 8.30 до 12.30 часот Без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улицата „Лазар Поп Трајков“ бр.24, 25, 27 и околните станбени објекти во општина Гази Баба. Во периодот од 9:00 до 15:00 часот утре без струја ќе бидат корисниците на викендиците во село Побожје, а од 10:00 до 13.00 часот дел од корисниците лоцирани кај Четири Воденички во општина Чучер Сандево. Без струја утре од 10:00 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Христо Татарчев“ – подулица бр.22 во општина Кисела Вода, а од 10:00 до 15:00 часот дел од корисниците лоцирани по Општина Сопиште, по главниот пат кон селата Горно и Долно Соње. Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа. ИзворПрес24.