Струјата ќе поскапи: Ќе има нов тарифник за плаќање на струјата, цените ќе зависат од потрошувачката и ќе бидат различни

Како што пишува Слободенпечат, секое домаќинство ќе биде потенцијален корисник на сите 3, или 4 блока, во зависност од тоа колку троши месечно, објаснуваат од Регулаторната комисија за енергетика При крај се анализите за најголемата реформа на тарифниот систем за електрична енергија во последните 30 години.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски на прес-конференција изјави дека во ниската тарифа ќе има само една цена, независно кој колку троши струја.

Во високата, односно скапата тарифа, ќе има 3 или 4 блока и во нив ќе има различни цени.

Новиот тарифник се очекува да стартува во јули заедно и со новиот ценовник на струја, за кој компаниите веќе доставуваат пресметки.

Колкави ќе бидат лимитите за блок-тарифите, Бислимоски рече дека ќе се обелодени кога ќе се донесе конечната одлука, но ќе се внимава на тоа домаќинствата што се греат на струја, затоа што реално немаат друг избор, да бидат заштитени.

Размислуваме за тоа да постои можност за почесто менување на цените во рамките на блоковите.

Така, во еден блок, да има пониска цена на струја во зима, а повисока во лето – вели Бислимоски.

Тој објасни и дека секое домаќинство е потенцијален корисник на сите 3, или 4 блока.

Едно четиричлено семејство што се грее на струја на панели, во просек троши 1.100 до 1.200 киловат-часови месечно, а со инвертори од 800 до 850 киловат-часови, но сепак, тоа зависи и од изолацијата – вели Бислимоски.

Целиот текст прочитајте го на Слободенпечат.мк.