Толку од градинката, негувателка позитивна на коронавирусот, 14 дена изолација за неа и воспитувачките

Следуваат 14 дена изолација за негувателката, воспитувачките и лицата кои имале контакти со негувателката. Како што пренесуваат од Центарот за јавно здравје во Битола, негувателка од градинка во Битола е позитивна на коронавирусот, и е една од четворицата новорегистрирани лица на коронавирусот од Битола во последното деноноќие.

Тоа резултираше пет де ца, три воспитувачки и две негувателки да се стават под здравствен надзор и во домашна изолација од 14 дена. Ова се случува на само три дена по почнувањето со работа на градинките.

Денес во здравствениот билтен на Министерството за здравство регистрирани се 4 нови случаи во градот Битола, а тројца се оздравени.

Меѓу четворицата нови случаи се лица на возраст на возраст од 54 до 65 години, а само едно од нив дава податок за контакт со позитивно лице, соопшти Центарот.