Утрово земјотрес од 3 степени го разбуди Штип, епицентарот бил на 2 километри северно од градот

После полноќ, утрово околу 2.40 минути во близина на Штип е почувствуван земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала. Според ЕМСЦ, епицентарот бил на два километра северно од Штип, на длабочина од 1 километар. Нема информации за настанати штети.