УXMP со нови најави за времето неделава, еве какво време не очекува, метеоролозите соопштија

Какво време не очекува оваа недела, од УXMP со свои најави соопштенија. Во Скопје и околината времето денеска беше сончево со мала облачност и слаб ветер. Утринската температура достигна до 13 степени, а дневната до 32 степени.

Во следните денови, како што најавија од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се задржи претежно сончево време со посвежи утра, а дневната температура до средината на неделата ќе биде во пораст, а потоа нема многу да се менува.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во западните планински подрачја со услови за краткотраен локален дожд.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Потоа во следните денови ќе преовладува сончево и топло време со слаб до умерен северен ветер.

Прогноза за 09.09.2020 Минимална температура: 9°C до 19°C Максимална температура: 28°С до 34°C Претежно сончево и топло со слаб до умерен северен ветер.

Прогноза за 10.09.2020 Минимална температура: 9°C до 18°C Максимална температура: 29°C до 35°C Претежно сончево и топло со слаб до умерен северен ветер.

Прогноза за 11.09.2020 Минимална температура: 8°C до 17°C Максимална температура: 27°C до 33°C Претежно сончево и топло со слаб до умерен североисточен ветер.