Филмски: 21 годишна битолчанка ограбила продавница и полицијата ја фатила за помалку од еден час

21 годишна битолчанка со заkk ана и физичка сила ограбила продавница, а после 45 минути била приведена во полициска станица. Како што соопшти МВР, вчера во 15:15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода М.Ј.(21) од Битола. Таа се сомничи дека околу 14:30 часот во продажен објект во Битола со закана и употреба на физичка сила кон вработената одзела повеќе производи. Одземените производи биле пронајдени и вратени на сопственикот, информираат од МВР. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. ИзворПрес24.