ФОТО: Голем руски брод, кој што целосно бил натоварен со уkpaденo (запленето) жито од Украина, пристигнал во Сирија, јавува Си ен ен

Како што јавуваат медиумите, рускиот брод „Матрос Позинич“, за кој се верува дека пренесувал жито запленето од Украина, влегол во пристаништето Латакија во Сирија, покажуваат сателитски снимки кои ги анализирала телевизиската мрежа Cи ен ен.

Карактеристиките на снимениот брод се поклопуваат со димензиите и карактеристиките на рускиот товарен брод.

Бродот пред речиси една недела ги исклучил предавателите за радиосигнали кај Кипар во Средоземното Море.

Украина тврди дека на бродот имало 27.000 тони житарки кои биле „украдени од руските сили“.

Киев тврди дека Русија првично се обидела да ги испрати житарките во Египет, кој одбил да го прими товарот. Украинската дипломатија бара од другите земји да не го прифаќаат украденото жито.

Русија, главниот сојузник на сирискиот претседател Башар Ал Асад, има поморска и воздухопловна база во Сирија, која ја доби на користење во следните 99 години. ИзворСлободенпечат.