ФОТО: Лила Филиповска средена од глава до пети се појави во Градски Парк, еве како луѓето ја гледале

Популарната македонската водителка Лила Филиповска, која започна со снимањето на новата сезона на квизот Се или нешто кој се емитува на Сител телевизија, привлекува внимание каде и да се појави, а во случајов тоа е градскиот парк во главниот град.

Поради фотосесија водителката морала да се појави во свечен фустан во Градскиот Парк во Скопје, местото каде луѓето се рекреираат и најчесто се облечени во лежерна облека.

На својот Инстаграм профил Лила објави фотографии од фотосесијата и сподели што се случувало кога луѓето ја виделе така средена во парк.

Малку е да кажам дека вчера во парк луѓено ме гледаа ко вон земјанин. Замислете сцена сите во спортски аутфит , кој трча ,кој пешачи , кој одмара а јас во долга хаљина и штикли.

И секако имаше коментари ‘кај тргнала оваа’ ‘е баш е кул , ‘ајде да се сликаме’ ‘ ајде да трчаме, што би рекол Владо Јаневски “луѓе се нек си прозборат”.

Како и да е со rolladobolla“ направивме слики какви што змислувавме, а кој сака нека проба, а фустанов е од новата колекција на Елена Лука – напиша Лила во описот на Фотографиите. ИзворПрес24.