ФОТО: Не го ни допре, Џафери мислеше ќе се тепа – Оди седи на твое место ако не си за тепање

Како што јавува Макфакс, за време на собраниската седница која трае и по работното време на Собранието.

Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски прво бараше процедурално, но спикерот Талат Џафери не дозволи.

Тој бараше да се гласа за дневниот ред, откако претходно даде збор на двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои не излегоа на говорницата бидејќи и натаму се бараше процедурално.

По ова, Џафери му рече на Мицевски да се тргне од неговиот пулт ако не е за тепање.

Не допирајте ме, не напаѓајте ме“ реагираше Мицевски по што Џафери му рече:

Тргни се, оди си на говорница“.

По ова Џафери го стави изминатиот дневен ред на гласање, а Мицевски реагираше:

Брука си, срамота, кој дневен ред“.

Додека се броеше гласањето на пратениците, Џафери му порача на Мицевски:

Правете што сакате да правите, не доближувајте се до мене.

Што сакате правете, не доближувајте се до мене.

Пратеничката Дафина Стојаноска му рече на Џафери:

Не плашете се“, а тој констатираше:

За дневниот ред се изјаснија 61 пратеник. Против се 39 пратеници кои стојат овде“.

Мицевски остана на пултот кај Џафери да бара процедурално, пишува Макфакс.

Оди седи на твое место ако не си за тепање, оди на свое место ако не си за тепање“, му рече Џафери на Мицевски.

На дофрлање од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои беа собрани околу Џафери, спикерот рече:

Немој бе, немој!“ – пишува Макфакс.

Сепак, Џафери констатираше дека 100 пратеници од кои 61 „за“, а 39 „против“.

Мицевски бараше процедурално да за се утврди бројот на пратеници, што Џафери го направи откако пратениците гласаа.

Може да сметате за диктатура, може за демократија, процедурата е таа.

Уживајте демократија е ова, ова е словото. Деловникот “, порача Џафери.

Мицевски доби право на збор, излезе на говорницата, но неговиот микрофон беше исклучен. Тој реагираше:

Аман вклучете ме денеска“, по што беше вклучен.

„Пред да го ставите дневниот ред на гласање, поминавте одлука дека членот 29 по барање на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ. Донесовте одлука за промена на член на Деловник. Ова верувајте ќе се изучува како негативна практика на факултетот за право“, му рече Мицковски.

Врати и Џафери:

Нека се изучува и треба да се изучува“.

Јас тука барав јас да зборувам, не вие да дискутирате со мене.

Кога е бал нека е маскенбал, да тераме до сабајле“, му порача Мицевски.

На крајот по сите објаснувања, Џафери рече:

Граѓаните очекуваат Собранието да функционира и ќе функционира“. ИзворМакфакс.