ФОТО: Уште една свадба се одржа во ресторан во Крива Паланка

Уште една свадба се одржала во нашата држава, после таа во Велес, сега е на ред и Крива Паланка. Келнерите носат маски можи да се види по фотографиите.

Читателите на Прес24 испратиле видео објавено на Фејсбук, на кое се гледа дека и покрај тоа што законот за организирање на веселби е се уште на сила, во ресторан во Крива Паланка се одржала свадба. Фото:

Не може точно да се потврди кога е снимено видеото, но на него може да се види дека персоналот носи маски. Гостите и покрај препораките да се избегнуваат групни собири, седат блиску едни до други во затворен простор, танцуваат и не носат маски.

Вчера на социјалните мрежи се споделуваше и видео од ромска свадба во Велес, на која гостите не носат маски. Со ваквото однесување, овие луѓе го доведуваат во опасност и сопственото, но и здравјето на сите граѓани. Фото: