ФОТО: Филипче објави фотографија со колешките Зорица, Силвана и Дивна, медицински сестри oд Иклиника

Министерот Филипче објави фотографија со медицинските сестри од Иклиника, Зорица, Силвана и Дивна, колешки кои си дадоа отказ.

Зорица Љубичиќ, Силвана Рогиќ, Дивна Бојчевска се хероите во скафандерите кои заедно со лекарите од инфективната клиника со месеци се борат со коронавирусот.

Од вчера се на одмор и со барање за отказ. Причините да си заминат по децении стаж според трите медицински сестри на инфективната клиника се непочитувањето на профилот медицинска сестра.

Филипче на фејсбук напиша: Утрово се сретнав со колешките Зорица, Силвана и Дивна, медицински сестри од Инфективната Клиника. Тие изминативе седум месеци се на првата линија во бор бата со пан демијата.

За нивната посветеност и неуморна работа им изразив огромна благодарност.

Кога се работи во такви тешки услови со многу ст рес и за мор, разбирливо е да дојде до потреба за промена за што целосно ги разбирам.

Сепак, утрово ги поканив на разговор и разговаравме да останат на Клиниката каде нивната работа неизмерно се вреднува.

Се договоривме после заслужениот одмор кој го земаа повторно да разговараме и да најдеме начин да продолжиме заедно во бит ата со Ков ид на Инфек тивната Кл иника.

Секој човек во здравството е важен и ќе направам се за да ги мотивирам здравствените работници.