20.000 луѓе останале без работа за само еден месец поради Коронакризата во Хрватска

Сите влади во Европа и регионов превземаат мерки за работниците да останат на своите работни места како и ги помагаат компаниите кои навистина ги погоди оваа коронакриза, некои држави се погодени повеќе, а некои помалку.

Од средината на март, кога беа запрени речиси сите економски активности поради коронакризата, во Хрватска останаа без работа некаде околу 20.000 работници.

На 16 март бројот на невработени лица беше 134.717, а денеска изнесува 155.278, покажува ажурираната статистика на Хрватскиот завод за вработување (ХЗЗ).

Во февруари годинава последната земја што стана членка на Европската унија имаше стапка на невработеност од 8,3 проценти, а Меѓународниот монетарен фонд предвидува дека таа ќе биде 11,5 отсто на крајот од годината.